Ekipa
17 Април 2016•Ажурирај: 18 Април 2016
КИТО (АА) - Бројот на жртвите во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди Еквадор денеска се зголеми на 77, изјави заменикот-претседател на Еквадор, Хорхе Глас, јавува Anadolu Agency (AA).
Глас на својот профил на Твитер потврди дека покрај жртвите во земјотресот се повредени најмалку 578 луѓе.
Претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа, потпиша декрет за прогласување вонредна состојба во земјата и апелираше до граѓаните да не паничат. Геолошкиот институт на САД соопшти дека земјотресот траел околу 40 секунди, а неговиот епицентар бил 27 километри југоисточно од Mуиснеа, слабо населена област полна со рибарски заливи.
Заменикот-претседател на Еквадор, Хорхе Глас, потврди дека досега загинаа 28 лица. Исто така, срушена е најмалку една куќа и надвозник во градот Гвајакил. Издадено е и предупредување за цунами.
Прогласена е вонредна состојба.