Şerife Çetin
16 Јуни 2018•Ажурирај: 17 Јуни 2018
БРИСЕЛ (АА) - Шефот на белгискиот Аналитички центар за борба против тероризмот, Пол ван Тигшелт, порача дека постои можност повторно да се случи терористички напад, сличен на оној изведен во мај во градот Лиеж, јавува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи за медиумите, Тигшелт потсети на нападот изведен на 29 мај, во кој загинаа три лица. По овој напад, според неговите зборови, зголемен е бројот на пријави за сомнителни активности.
Како што истакна, сите дојави кои дошле од локалните полицајци, граѓаните, вработените во затворите и од администраторите на социјалните мрежи, ги истражиле во најкраток можен рок.
Нагласи дека постои можност да се повторат напади, слични на оној во Лиеж.
„Ја разгледувам можноста за сличен напад. Човечката психологија се движи во таа насока. Нестабилните луѓе лесно ги симулираат ваквите напади“, појасни Тигшелт.
Потсети дека во Лондон минатата година се случија неколку слични напади, еден по друг.
„Апсолутно, безбедноста сега е сон“, порача Тигшелт.
Бенџамин Херман, роден во 1985 година, по излегувањето од затворот „Лантин“, во кој беше поради кражба, усмрти двајца полицајци и еден случаен минувач. Полицијата го неутрализира напаѓачот.