????? ??????????-???????
12 Ноември 2015•Ажурирај: 12 Ноември 2015
ЛОНДОН (АА) – Тринаесет лица се уапсени во антитерористичка акција низ шест европски држави во четврток наутро, јави Anadolu Agency (AA).
Операцијата раководена од Италија имаше за цел истовремен ненадеен напад за притворање осомничени членови на Равти Шах, организација која има за цел уривање на курдската регионална власт во северен Ирак.
Осомничените се приведени од страна на полицијата во Италија, Велика Британија, Норвешка, Финска, Германија и Швајцарија. Четворица од мажите на возраст од 32 до 56 години и се уапсени во Велика Британија, по издадена европска потерница, изјави британската полиција.
Во изјавата од Агенцијата за судска соработка на ЕУ (Eurojust) се вели Равти Шах „стана активна во обезбедувањето логистичка и финаниска поддршка за регрутирање странски борци – терористи за испраќање во Сирија и Ирак“.
Групата „се претставува како огранок на Ansar Al Islam, кои се на листата на ОН како терористичка организација поврзана со Ал Каеда“, рекоа од Eurojust.