Sarp Özer,Özcan Yıldırım
18 Декември 2015•Ажурирај: 19 Декември 2015
СИРНАК (АА) Во рамките на антитерористичките операции во регионите Џизре и Силопи, во провинцијата Сирнак, на југоистокот на Турција, припарниците на безбедносните сили во последните 72 часа убија 54 припадници на терористичката организација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Како дознава новинарот на АА, антитерористичките напади продолжуваат.
Во рамките на антитерористичките операции во терористичките засолништа, претежно во ридските и руралните предели, запленета е поголема количина на оружје, воена опрема, лажни идентификациски документи и експлозивни направи.
Припадниците на терористичката организација ПКК ги интензивираа активностите од крајот на месец јули оваа година. Турските сили на безбедност од тогаш спроведуваат антитерористички акции за време на кои до сега живот загубија најмалку 200 припадници на турските сили на безбедност а убиени се околу 1.700 терористи.