Besar Ademi
22 Јуни 2016•Ажурирај: 23 Јуни 2016
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, пред конференцијата што се одржа во Скопје посветена на самитот на Западен Балкан (WB6), што ќе се одржи на 4-ти јули во Париз, истакна дека идејата на самитот е да се приближи до фактот дека европскиот проект не може да биде комплетен без интегрирање во ЕУ на сите земји од Западен Балкан, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Попоски нагласи дека пристапувањето на земјите од Западен Балкан е достигнување и голем капитал за Европската унија, користејќи го примерот што овие земји соработувале и најдобро се соочувале со бегалската криза со поддршка на ЕУ, како во однос на човечките, како што рече, справување со ризиците поврзани со радикализација и терористички напади.
„Ова е многу значајно, бидејќи се прави на највисоко политичко ниво. Идејата е да се приближи фактот дека европскиот проект не може да биде комплетен пред сите балкански земји да се интегрираат во ЕУ. Оваа придобивка не е само на Македонија, туку и на соседните земји кои се потенцијални кандидати за членство во ЕУ. Тоа е голем капитал и голема придобивка и за самата ЕУ”, рече Попоски.
Според Попоски овој самит ќе придонесе многу за земјите од Западен Балкан, бидејќи регионот има голем потенцијал кој треба да се развива. Тука министерот издвои дека со промовирањето на присуството на европските компании на Балканот и понатаму ќе се развива овој регион.
Предавачот на конференцијата, Антоан Грасин, кој е ангажиран од страна на француската влада за организирање на самитот за Западен Балкан, изјави дека овој самит ќе придонесе за зближување на сите земји од Западен Балкан кон Европската унија.

„Овие проекти кои ќе бидат тема на разговор на самитот ќе имаат влијание не само на национално, туку и на регионално ниво, а самите проекти мора да бидат доволно зрели за имплементација, бидејќи институциите на ЕУ одбрале да финансираат одредени проекти во зависност од тоа дали проектот е завршен и подготвен за правилно спроведување”, рече Грасин.
Конференцијата на тема „Париз- Балкан 2016, Главни предизвици и очекувања на Македонија” беше отворена во Министерството за надворешни работи на Македонија од страна на министерот Никола Попоски и француската амбасадорка во Република Македонија, Лоренс Оер.
Амбасадорот Грасин ги претстави темите кои ќе бидат вклучени во самитот, темите за регионалните инфраструктурни проекти како и дополнителните мерки од областа на транспортот и енергетиката, теми кои ќе имаат значајно место на самитот.