Gökhan Ergöçün,Tuba Şahin,Muhammed Ali Gürtaş
10 Август 2018•Ажурирај: 11 Август 2018
ИСТАНБУЛ (AA) - Министерот за финансии и трезор на Турција, Берат Албајрак, денеска во Анкара го објави новиот економски модел на оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Презентирајќи ги принципите на новиот економски модел во палатата Долмабахче во Истанбул, Албајрак рече дека меѓу темелните принципи ќе биде одржувањето на поефективна и посигурна комуникација со сите правни лица на пазарот.
„Обезбедување полна независност на монетарната политика, исто така е меѓу темелните принципи на новата економска рамка на Турција“, рече Албајрак.
Најави и ревизија на фискалната и монетарната политика, со цел постигнување на поголема стабилност на буџетот.
Турскиот министер рече и дека принципот на независност на Централната банка останува непроменет.
Првиот чекор, со цел јакнење на економската рамнотежа, како што рече Албајрак, ќе биде борбата против инфлацијата.
Тој укажа и на важноста на поедноставен систем на оданочување, што ќе го зголеми тој вид приходи.
Министерот Албајрак најави и предлог кој ќе им го достави на пратениците на Големото народно собрание на Република Турција, а кој се однесува на формирање ново регулаторно тело на највисоко ниво кое ќе се занимава со финансии.