Enes Kaplan
31 Август 2016•Ажурирај: 01 Септември 2016
АНКАРА (AA) - Досегашниот министер за внатрешни работи на Турција Ефкан Ала, денес поднесе оставка на таа позиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот на Турција Бинали Јилдирим по денешниот состанок со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека на местото на Ала е поставен Сулејман Сојлу, кој до сега ја вршеше функцијата министер за труд и социјална безбедност.
На местото на Сојлу е поставен заменик-претседателот на Партијата на правдата и развојот (АКП) Мехмет Муезиноглу.
Јилдирим изрази благодарност на досегашниот министер Ала за соработката, додека на новоименуваните министри им посака среќа и успех на новите позиции.