İhvan Radoykov
24 Јануари 2017•Ажурирано: 25 Јануари 2017
СОФИЈА (AA) - Претседателот на Бугарија Румен Радев во вторник го распушти парламентот и закажа предвремени парламентарни избори за 26. март, јавува Anadolu Agency (AA).
Со декрет кој на парламетот ќе му го врачи на 27. јануари, Радев го распушти државниот парламент.
Претседателот на Бугарија го именуваше проф. Огнјан Герциков да ја предведува технократската влада.
Радев на инаугурацијата во недела официјано стана петиот претседател на Бугарија и во таа прилика посебно ја истакна идеата на континуитет.
„Денешната церемонија има длабоко значење, поради надеж за промена која сите ја очекуваме и продолжувањето на идејата на континуитетот кој е срж на државноста", рече тогаш Радев, додавајќи дека ќе биде претседател за сите граѓани. без оглед на партиската, етничката или религиската припадост.
Новиот бугарски претседател исто така истакна дека со партнерите на својата земја ќе работи на забрзување на нејзината интеграција со Европа, но вети дека ќе се бори за правата и достоинството на народот.