Şenhan Bolelli
24 Јануари 2016•Ажурирај: 25 Јануари 2016
MADRID (AA) – Блиску 9,7 милиони регистрирани гласачи денес бираат нов претседател на Португалија јавува Anadolu Agency (AA).
Околу 12.000 избирачки места отворени се утрово од осум часот по локално време а во првиот круг на изборната трка учествуваат рекордни десет претседателски кандидати.
За победа во првиот круг на претседателсите избори еден од кандидатите мора да освои половично мнозинство, а во случај тоа да не му успее на никој од нив, вториот круг на изборите закажан за 14 февруари, а во него ќе се натпреваруваат два кандидати со најголем број освоени гласови во првиот круг.
Функцијата претседател на државата во Португалија е од репрезентативен карактер, а се бира на мандат од пет години. Актуелниот претседател Анибал Силва немаше право да се кандидира бидејќи во три наврати досега беше на оваа функција.
Според анкетите спроводени воочи изборите, улогата на фаворит му припадна на 67-годишниот професор по право и поранешен челник на Социјалдемократската партија, Марсело де Соуза, познат под прекарот "Професор" , според анкетите, би можел да победи веќе во првиот круг. Негов најголем опонент е левичарот Жорж Сампаио де Новоа.