Turgut Alp Boyraz
05 Септември 2016•Ажурирај: 06 Септември 2016
АШДОД (АА) – На пристаништето во Ашдод пристигна бродот „Еклипс“, кој беше тргнал во петокот од меѓународното пристаниште во Мерсин. Бродот носи хуманитарна помош за потребите на луѓето во областа Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Во пресрет на празникот Курбан Бајрам, во координација со Дирекција за справување со катастрофи и вонредни состојби при Владата на Турција (АФАД), беше испратен брод, втор по ред, со 2.500 тони хуманитарна помош за потребите на палестинското население во Газа. По 35-часовно патување, бродот пристигна на пристаништето во Ашдод.
Бродот вчеравечер беше пречекан од страна на дипломатот на Турција во Тел Авив, Џем Уткан, претседателот на одделот за подобрување при Претседателството за управување со вонредни состојби и кризи (АФАД), Џенгиз Акин, и помошник-министерот за регионална соработка во Израел, Ејуп Кара.
Во хуманитарната помош, која е наменета за палестинскиот народ за претстојниот празник Курбан Бајрам, има прехранбени производи, облека, 100 илјади училишни ранци, тетратки, гуми за бришење, пенкала и други материјали, како и други хуманитарни средства. Меѓу другото, исто така има и 1.000 велосипеди за децата во Газа, како и 100 инвалидски колички наменети за неподвижните.
Помошта ќе им биде врачена на примателите во Газа, во пресрет на Курбан Бајрам.
Првиот брод со хуманитарна помош под име „Лејди Лејла“, а со слоган „Хуманитарниот брод е на пат за Газа“, беше тргнал од Мерсин на 01. јули, а на пристаништето во Ашдод пристигна на 03. јули. Бродот носеше 11 илјади тони помош; меѓу другото, основни прехранбени производи како што се шеќер и брашно, облека, чевли, играчки за децата и други хуманитарни средства.