İlhan Toprak
05 Септември 2016•Ажурирај: 05 Септември 2016
ХАНГЏОУ (АА) – Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган одржа заедничка средба со претседателот на Франција, Франсоа Оланд, германската канцеларка Ангела Меркел и со премиерот на Италија, Матео Ренци, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Турција, Ердоган, кој на Самитот на лидерите Г-20 престојува во Народна Република Кина, во градот Хангџоу одржа четворна средба со претседателот на Франција, Оланд, германската канцеларка Меркел и со премиерот на Италија, Ренци.
По оваа средба, претседателот на Турција Ердоган одржа билатерална средба со претседателот на Франција, Оланд.
Средбата меѓу Ердоган и Оланд се одржа зад затворени врати.