Zuhal Demirci
02 Август 2018•Ажурирај: 02 Август 2018
АНКАРА (AA) – Министерството за надворешни работи на Република Турција остро реагираше на санкциите кои Министерството за трезори на Соединетите Американски Држави (САД) ги објави вечерва, јавува Anadolu Agency (AA).
„Одлуките кои се донесени против двајца наши почитувани министри не се во согласност со државничка сериозност, ниту можат да се објаснат со правни и правосудни појмови", се наведува во реакцијата на турското Министерство.
Истакнувајќи дека американската одлука за санкции претставува безобразно мешање во турскиот правосуден систем, во соопштението на турското Министерство се наведува дека таа одлука е спротивна на суштината на билатералните односи и дека без сомнеж ќе ги загрози конструктивните напори во правец на решавање на проблемите помеѓу двете земји.
„Ја повикуваме администрацијата на САД да се откаже од таа погрешна одлука. Без одложување ќе одговориме со иста мерка на агресивниот пристап на САД, кој за ништо не придонесува, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Република Турција.
- Соопштение на Белата куќа за санкциите кои претставуваат мешање во работа на турското правосудство
Гласноговорничката на Белата куќа Сара Сандерс изјави дека САД ќе воведат санкции на турскиот министер за правда Абдулхамит Ѓул и министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, а повод за санкциите наведе дека е тоа што американскиот свештеник Ендрју Брансон сеуште не е пуштен на слобода поради судската постапка која се води против него во Турција.
„Со наредба на претседателот Трамп, Министерството на трезори на САД воведува санкции на турските министри за внатрешни работи и правда кои учествуваа во процесот на апсење и одредување притвор на свештеникот Брансон", рече Сандерс.
Таа најави дека имотот, доколку постои, на двајцата турски министри во САД ќе биде блокиран. Американското Министерство на трезои објави пишано соопштение во кое се наведува дека турските министри Гул и Сојлу се ставени на листата на санцкионирани, поради нивната улога во апсење и притвор на свештеникот Брунсон.
САД го замрзнува евентуалниот имот на нејзино тло и забранува трговски односи со Американците за сите лица кои се на листата на санкционирани. Таков случај најавен е и за двајцата турски министри.
- Обвинение и процес против Брансон
Брансон е уапсен на 9 декември 2016 година и од тогаш се наоѓа во притвор. Обвинет е за делување и шпиунажа во корист на терористичките организации ПКК и ФЕТО. Му се заканува затворска казна во траење до 35 години.
На барање на Обвинителството, судот во Измир на 18 јули му изрече мерка притвор во текот на судска постапка, но поради неговите здравствени проблеми таа мерка е преименувана во домашен притвор.
Во обвинението кое го покрена Обвинителството во Измир се наведува дека контактирал со членовите на терористичката организација ФЕТО.
Освен тоа, наведени се и негови пораки кои ги праќал на американски војник и во кои навел дека му е жал што не успеал обидот за државен удар во Турција кој припадниците на ФЕТО се обидоа да го извршат на 15 јули во 2016 година.
Обвинителството го обвинува Брунсон дека под плаштот на свештенички повик соработувал со истакнати претставници на терористички организации, вклучувајќи го и пребегнатиот „имам на ФЕТО" во Егејскиот регион Бекир Баз, неговиот помошник Мурат Саф и уапсениот и обвинетиот поранешен претставник на Амнести Интернешнал (Amnesty International) Танер Килич. Во обвинението се наведуа дека со таа група Брунсон креирал стратегија на соработка.
Иако Брунсон тврдеше дека не се состанувал со таканаречениот „егејски имам" Баз, со техничка анализа е утврдео дека нивните сигнали се поклопувале во 293 наврати.