Kayhan Gül
05 Февруари 2017•Ажурирај: 05 Февруари 2017
БУКУРЕШТ (AA) - По протестите ширум земјата кои во Романија трааат веќе неколку дена премиерот Сорин Гриндеау изјави дека ќе го разгледа повлекувањето на претходно усвоениот нацрт на одлуката за измена на законот за амнестија, јавува Anadolu Agency (AA).
На конференцијата за новинарите во зградата на романската Влада Гриндеану рече дека веќе неколку дена разговара со колегите од партијата и дека на таа тема сослушал бројни мислења.
Тој нагласи дека како премиер на Романија не сака земја која е поделена на два дела.
Исто така, истакна дека внимателно ги следи случувањата на протестите во последните неколку дена.
„Донесов неколку одлуки за оваа тема. Утре по итна постапка ќе одржиме состанок и ќе го размотриме повлекувањето на претходно усвоениот нацрт на одлуката за измената на Законот за амнестија", рече Гриндеану.
Тој истакна дека не сака Романија да се дели на два табора. Исто така, рече дека во изминатиот период дојде до дезинформации и дека немал прилика да ја појасни својата одлука.
„За развојот на Романија и за демократијата се потребни мир и стабилност", рече Гриндеану.
Лидерот на коалицијата на Либералите и Унијата на демократите (АЛДЕ) Калин Попеску исто така рече дека владата утре ќе го повлече нацртот на одлуката за амнестија.
Десетици илјади демонстранти ширум Романија протестираа во изминатите денови поради владиниот нацрт за амнестија и измените на Кривичниот закон кој предвидува амнестија на илјада осудени по итна постапка.