Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
свет

Австралија: Премиерот Турнбул објави победа на предвремените парламентарни избори

Според досега пребројаните 80 отсто од гласовите, коалицијата меѓу Либералната и Народната партија има освојено 73 пратенички места од вкупно 150 места во федералниот парламент
Recep Şakar
10 Јули 2016•Ажурирано: 11 Јули 2016
Австралија: Премиерот Турнбул објави победа на предвремените парламентарни избори
Melburn

МЕЛБУРН (АА) – Австралискиот премиер Малколм Турнбул ја објави веста за извојуваната победа на водечкото коалициско партнерство меѓу Либералната парија и Народната партија, на предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 2-ри јули, јавува Anadolu Agency (AA).

Претседателот на најголемата опозициска Работничка партија, Бил Шортен, го призна поразот на изборите, додека пак Турнбул ја објави веста за победата во Сиднеј.

„Ова е навистина прекрасен ден. Остваривме успешни избори”, рече Турнбул во својата изјава, во која покрај другото наведува и дека Шортен лично телефонски му се јавил за да му ја честита победата.

За време на прес-конференцијата, Шортен изјави дека според досега пребројаните гласови, по сè изгледa дека Турнбул ќе ја има можноста за креирање на Влада со или без апсолутно мнозинство.

„Се надевам дека коалицијата ќе допридонесе за создавање на добро за целата држава”, додаде Шортен.

Главниот опозициски лидер, Шортен, истакна дека не е во ред долгото одолговлекување на крајните резултати од изборите. Притоа наведе дека ќе му испрати писмо на Турнбул со предлог за електронско водење на изборите во иднина, „ние сме земја со развиена демократија, не смее да се чекаат осум дена за да се дознае кој е победникот”, истакна тој.

Направени се силни напори за што поскоро објавување на резултатите од изборите, и како што вели Изборната комисија на Австралија, пребројувањето на гласовите ќе трае и во текот на викендот. Според соопштението, официјалните резултати ќе бидат објавени во текот на претстојната недела, и сите гласови кои ќе бидат пристигнати по 15-ти јули нема да бидат земени во предвид.

Според досега пребројаните 80 отсто од гласовите, коалицијата меѓу Либералната и Народната партија има освојено 73 пратенички места од вкупно 150 места во федералниот парламент, но се претпоставува дека до крајот ќе оствари апсолутно мнозинство со 76 освоени пратенички места.

related_topics:
премиерпобедаМалколм ТурнбулизбориАвстралија
news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Следно
Претходно
Обама во Шпанија: Денес средба со шпанскиот крал и премиерот

Обама во Шпанија: Денес средба со шпанскиот крал и премиерот

Следно

Протести во Њујорк: Приведени 89 демонстранти меѓу кои и двајца новинари

Протести во Њујорк: Приведени 89 демонстранти меѓу кои и двајца новинари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Филцот како уметност: Турска уметница ја пренесува традицијата на новите генерации

Турската одбранбена индустрија овозможи прва успешна клиничка употреба на домашна срцево-белодробна машина

Израел постигна договор со САД за забрзано повлекување на американските воени авиони од Аеродромот „Бен Гурион“

Уметникот Ебу Шавиш од Газа со поправка на музичките инструменти ја буди надежта скршена од војната

Турските изведувачи ќе имаат водечка улога во обновата на Украина

СМО: Европа е најбрзо затоплувачкиот регион во последните 30 години

Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 589

Погледни сè

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грабар - Китаровиќ, гласаше на изборите: Гласајте, денес ја избираме судбината за наредните четири години

Грабар - Китаровиќ, гласаше на изборите: Гласајте, денес ја избираме судбината за наредните четири години

Огромни безбедносни мерки во втората фаза на изборите во Египет

Огромни безбедносни мерки во втората фаза на изборите во Египет

Избори во Венецуела: Социјалистите после 17 години отидоа во опозиција

Избори во Венецуела: Социјалистите после 17 години отидоа во опозиција

Прва жена во историјата на Саудиска Арабија избрана во општински совет

Прва жена во историјата на Саудиска Арабија избрана во општински совет

Фицо: На муслиманските бегалци нема да им дозволиме создавање на "компактна заедница"

Фицо: На муслиманските бегалци нема да им дозволиме создавање на "компактна заедница"

Премиерот на Канада го осуди нападот на сириските бегалци во Ванкувер

Премиерот на Канада го осуди нападот на сириските бегалци во Ванкувер

СДСМ нема да учествува на изборите на 24-ти април

СДСМ нема да учествува на изборите на 24-ти април

Хрватска: Премиерот ја претстави во Парламентот владината програма

Хрватска: Премиерот ја претстави во Парламентот владината програма

Средба Влада - ДИК: Институциите задолжени за реализација на конкретните заклучоци

Средба Влада - ДИК: Институциите задолжени за реализација на конкретните заклучоци

Бачев: Еднаков пристап за сите политички партии

Бачев: Еднаков пристап за сите политички партии