Ekipa
19 Март 2016•Ажурирај: 19 Март 2016
МОСКВА (АА) - Канцеларијата за медиуми на Дубаи соопшти дека во утринската авионска несреќа на компанијата "FlyDubai" во Русија загинале 44 државјани на Русија, осум Украинци, двајца Индијци и Узбекистанец, јавува Anadolu Agency (AA).
Канцеларијата упати порака со сочуство на семејствата на настраданите во име на Обединетите Арапски Емирати.
На Твитер профилот на Канцеларијата напишана е порака во која стои дека ОАЕ, федерација на седум емирати, го изразува своето најдлабоко сочуство до семејствата на загинатите, руската влада и народот
Од компанијата "FlyDubai" претходно соопштија дека меѓу 55 патници имало 33 жени, 18 мажи и четири деца. Во несреќата загинаа и седумте членови на екипажот.
Во несреќата на авионот на компанијата "FlyDubai", која се случи утринава во јужниот руски град Ростов, загинаа 62 патници и членови на екипажот.