Elena Teslova
30 Август 2018•Ажурирај: 31 Август 2018
МОСКВА (АА) - „Руските и турските конзуларни експерти ќе одржат консултации во врска со безвизниот режим за одредени категории турски граѓани наесен“, соопшти денес портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, јавува Anadolu Agency (AA).
„Договорот за одржување вакви консултации беше постигнат на министерскиот состанок меѓу рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, и неговиот турски колега, Мевлут Чавушоглу“, рече Захарова на брифингот во Москва.
„Договорено е да се формира механизам за унапредување на договорите за олеснување на меѓусебните патувања за одредени категории турски граѓани. Најпогодната платформа за разговори во врска со прашањата за визите се билатералните консултации на конзуларните експерти. Таквите консултации се закажани за в есен“, истакна Захарова.
Лавров, по состанокот со Чавушоглу на 24 август, за новинарите истакна дека Русија е подготвена да ги укине визните ограничувања за турските државјани кои поседуваат специјални и службени пасоши, како и за возачите ангажирани во товарниот транспорт меѓу двете земји.