Diyar Güldoğan
21 Февруари 2018•Ажурирај: 22 Февруари 2018
ЊУЈОРК (АА) - Василиј Небензја, амбасадорот на Русија при ОН, побара заседание на Советот за безбедност при ОН на кое би се дискутирало за ситуацијата во Источна Гута, Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој повика заседанието да се одржи утре.
Во Источна Гута, која е под контрола на сириската опозиција, живеат околу 400.000 цивили.
Ова подрачје со договорот во Астана е прогласено за зона без судири.
И покрај тоа, припадниците на режимот на Асад, чија земја-гарант е Русија, од април минатата година ја интензивираа опсадата, а во последните неколку месеци и нападите.
Хуманитарната криза во источниот дел на Гута се зголемува од ден на ден, а на илјадници цивили им е потребна евакуација. Повеќето цивили кои имаат потреба од итна евакуација се деца и лица заболени од карцином, чија болест е во понапредна фаза. Покрај тоа, многу деца во Источна Гута починаа од глад и поради неможноста да добијат соодветно лечење.
Фархан Хак, заменик портпаролот на ОН, изјави дека се појавиле и заразни болести како туберкулоза и тифус, и дека поради недостаток на вакцини се загрозени 600 деца на тоа подрачје.