Ecenur Çolak
01 Ноември 2016•Ажурирано: 01 Ноември 2016
АНКАРА (AA) – Саудиска Арабија го обвини Иран дека и понатаму им дава воена поддршка на пучистите во Јемен и така го дестабилизира целиот регион, јавува Anadolu Agency (AA).
Амбасадата на Саудиска Арабија во Анкара објави пишано соопштение во кое се наведува дека Иран продолжува со политиката на мешање во внатрешните работи на земјите од арапскиот свет и дека така ги интензивира тензиите во регионот.
„За жал, иранскиот режим и понатаму ги поддржува пучистите во Јемен преку помошта во наоружување, земјотрес-проектили и воена стручна поддршка. Иран на тој начин е причинител на трагедијата што ја доживува јеменскиот народ. Без иранската поддршка, пучистите од Јемен не би изведувале напади на границата на Саудиска Арабија, ниту би претставувале закана за меѓународниот транспорт во тој регион“, се наведува во соопштението.
Кралството Саудиска Арабија ја повика меѓународната заедница во склад со своите ингеренции да ја спречи иранската политика на дестабилизирање на регионот.