Tuğrul Çam
03 Јануари 2016•Ажурирај: 05 Јануари 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот Стејт Департмент изрази длабока загриженост дека вчерашните егзекуции во Саудиска Арабија може да доведат до продлабочување на кризата и конфликтот меѓу муслиманските верски групи во регионот, јавува Anadolu Agency (АА).
Властите на Саудиска Арабија вчера извршија смртна казна врз 47 лица осомничени за тероризам, вклучувајќи го и шиитскиот свештеник, по што остро реагираше владата на Иран, Ирак, Либан но и Европската Унија, Обединетите Нации и други високи дипломатски инстанци.
Министерството за надворешни работи на САД, потсетува дека Вашингтон веќе предупреди на недостатоците на правниот процес во Саудиска Арабија и бара од локалните лидери да ги почитуваат човековите права и да водат транспарентен судски процес.
"Ги повикуваме лидерите на Саудиска Арабија да му овозможи слобода на опозицискиот глас. Ние сме посебно загрижени поради погубувањето на шиитскиот свештеник, дека тоа може да доведе до продлабочување на конфликтите во регионот. Потсетуваме дека лидерите на сите земји во регионот треба да ја ублажат реториката и да придонесат за намалување, а не ескалација на тензиите", се вели во соопштението на Стејт Департментот.