Emrah Oktay
22 Август 2017•Ажурирај: 22 Август 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Репрезентативецот на Турција во борење Метехан Башар, освои денес златен медал во категоријата до 85 килограми во грчко-римски стил на Светското првенство во Париз, јавува Anadolu Agency (AA).
Турчинот во финалето го победи Германецот Денис Максимилијан Кудлу со 2:1.

На Башар ова му е прва титула светски првак во досегашната кариера.
Во мај оваа година на Европското првенство, кое се одржа во Србија, освои сребрен медал.