Halil Şahin
14 Октомври 2018•Ажурирај: 15 Октомври 2018
ИЗМИР (АА) - Во сообраќајна несреќа при превртување на камион кој превезувал илегални имигранти, што се случи во местото Мендерес, во турската област Измир, животот го загубија 22 лица, а 13 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, камионот што се движел од Ајдин кон Измир, кај местото Мендерес, излетал од патот и се превртел.
По упатен повик од страна на локалното население, на местото на несреќата пристигнале екипи на брзата помош, полицијата и противпожарни возила.
Во несреќата животот го загубија 22 лица, меѓу кои и деца, а 13 се повредени.
Повредените лица се префрлени во локалните болници.
- Започната е истрага во врска со несреќата -
Во меѓувреме, републичкиот обвинител во Мендерес отвори истрага во врска со несреќата во која по превртувањето на камионот со илегални мигранти, животот го загубија 22 лица.