ПАРИЗ (АА)- Јавниот превоз во Франција стапи во генерален штрајк, проследен со недостаток на гориво и континуирани протести против промените во законот за работни односи во земјата, јавува Anadoly Agency (AA).
Француската Национална железница (СНЦФ), од вчерашната ноќ стапи во штрајк на неопределено време.
Поради штрајкот дојде до попреченост во транспортот меѓу градовите и намалување на фрекфентноста на патничките возови за 50 %. Штрајкувањето се одразува и на возните линии кон Швајцарија, Гермнаија, Италија и Шпанија.
Генералниот Секретар на најголемата француска работничла конфедерација (ЦГТ), Филипе Мартинез, во текот на вчерашното гостување во телевизиска програма изјави дека штрајкот против предлог-законот, кој тра веќе 3 месеци, тековната недела ќе биде со најзасилен интензитет.
РАТП, одговорна за јавниот превоз во Париз и околината, од утре од 03.00 часот по полноќ ќе стапи во генерален штрајк на неопределено време.
Железничкиот транспорт се очекува да биде сведен на половина од капацитетите. Француските медиуми ја објавуваат наредната недела како “црна недела за јавниот превоз“, во рамките на штрајкот.
На почетокот на неделата, францускиот национален синдикат на пилоти, излезе со известување, во кое се објавува донесената одлука за генерален штрајк на воздухопловниот сектор во јуни месец, но не беше соопштена и точната дата на отпочнување.
Минатата недела, синдикатите на цивилното воздухопловство, објавија стапување во генерален штајк со почеток од 2-5 јуни.
Се вели дека штрајкот во земјата ќе има големо влијание врз големиот прилив на туристи, кои ќе пристигнат во Франција на Европското првенство во фудбал , кое ќе започна на 10 јуни.
Се претпоставува дека штрајковите и недостатокот на бензин, ќе бидат причини за големо незадоволство од страна на туристите токму во месецот на отворање на туристичката сезона во Франција. Асоцијацијата за хотелиерство и стручни струки, вчера објави податок за намалување на резервациите направени за Париз за ова лето, за 20-50 %, во споредба со минатата година.
Напнатоста која владее од крајот на март наваму, помеѓу синдикатите и владата околу предог измените во законот за работни односи, доживеа своја точка на кулминација оваа недела.
Поради активностите во рафинериите, во многу градови од земјата снабдувањето со бензин се одвива отежнато, возачите со своите возила чекаат во долги редице пред бензиските станици.
Според мерките предвидени во предлог-законот за работни односи, кој е предмет на несогласувањата, дневниот максимален број на работни часови од 10 ќе биде зголемен на 12, работниците кои сакаат да извршат промена во работниот договор ќе може да бидат отпуштени од работа, минималните 24 работни часа на неделно ниво на оние кои работат со скратено време ќе бидат намалени, исто така исплатата на прекувремениот труд ќе биде намалена.
Синдикатите и работничките организации не најавуваат нивно повлекување, се додека владата не ја повлече назад донесената одлука. Предлог-законот треба да биде предаден во Сенатот на гласање на 8 јуни. До тогаш, синдикатите се во очекување да го извршат потребниот притисок врз владата.
news_share_descriptionsubscription_contact
