Halit Süleyman
26 Февруари 2016•Ажурирај: 27 Февруари 2016
АЛЕПО (АА) - Во воздушни напади на руски авиони и хеликоптери на сириската војска на северот на Алепо, во Сирија, загинаа 11 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што дознава новинарот на АА од припадниците на Цивилната заштита, руски авиони и хеликоптери на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, извеле напад со касетни и барел бомби во местото Каптан ал-Џабал и Кафр Хамра.
Во Каптан ал-Џабал загинале десет членови на иста фамилија, а едно лице загинало во Кафр-Хамри.
Покрај тоа, во соопштението на опозиционата група Нуредин ез-Зенки, се наведува дека режимските сили заедно со припадниците на ПЈД, огранок на ПКК во Сирија, извеле напади на појасот Каптан ал-Џабал и Шеик Акил.
Во соопштението се наведува дека судирите и понатаму траат.