Mustafa Keleş
27 Февруари 2016•Ажурирај: 28 Февруари 2016
ЊУЈОРK (AA) – Советот за безбедност на Обединетите нации синоќа го усвои планот со кој треба да дојде до запирање на судирите во Сирија, само саат време пред неговата резолузција на стапи на сила, јавува Anadolu Agency (AA).
Во резолуцијата, која е едногласно усвоена, 15 членки на Советот за безбедност едногласно, 15 членки на Советот за безбедност бараат прекин на непријателствата во Сирија со посредство на Русија и Соединетите Американски држави (САД)
Примирјето инаку започна на полноќ по локално време во Дамаск.
Со резолуцијата се бара сите страни кои треба да го применат прекинот на непријателствата да ги почитуваат своите обврски и ги повикува големите земји да го искористат своето влијание кај завојуваните страни за да се создадат услови за прекин на огнот.
Исто така се повикуваат сите страни веднаш да им овозможат на хуманитарните агенции брз, сигурен и непречен пристап, до најблиските и најбржите рути, за да можат да овозможат хуманитарна помош на сите луѓе на кои таа им е неопходна,а посебно на оние кои се во тешко пристапните подрачја.
Побарано е од Бан Ки-Мун, генералниот секретар на ОН, за две недели на Советот на безбедност да му поднесе извештај за спроведувањето на резолуцијата а потоа и на секои 30 дена.
Спогодбата која е направена порано оваа недела би требало да доведе до привремен прекин на војната.
Сириската влада и опозициските сили објавија дека потпишаа спогодба, иако и двете страни го прифаќаат со резерва. Припадниците на ДАЕШ и сирискиот огранок на Ал-Каеда, на таа терористичка група Нусра Фронт исклучени се од договорот.
Стефан де Мистура, пратеникот на ОН за Сирија, по усвојување на резолуцијата рече дека мировните преговори се планирани за 7 март во Женева, доколку примирјето во голема мера ќе се почитува и доколку се осигура достава на хуманитарната помош на терен.
Според последните податоци кои ОН ги објави пред неколку месеци, војната во Сирија, која започна 2011 година до сега однесе повеќе од 250.000 животи.