Tutku Şenen
13 Ноември 2016•Ажурирај: 14 Ноември 2016
АЛЕПО (АА) - Борците на Слободната сириска армија, поддржани од турските сили, во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“ започнаа нова фаза за ослободување на североисточното подрачје на Алепо, Ал Баб, јавува Anadolu Agency (AA).
Според дописникот на AA, Слободната сириска армија синоќа стигна на оддалеченост од два километри од Ал Баб.
Силите на Слободната сириска армија ја презедоа контролата и врз шест населени места - Хазван, Сусјан, Алдана, Кијран, Углан и Авлан - како и други населени места од ДЕАШ од 2.00 изутрина по локално време, продирајќи во близина Ал Баб, којшто се наоѓа под контрола на ДЕАШ.
Овој потег доаѓа откако терористичките организации ПКК и ПЈД исто така се приближија до тоа подрачје, под контрола на ДЕАШ.
Територија со површина од 1.600 квадратни километри во северна Сирија е исчистена од терористите на ДЕАШ, како дел од операцијата „Штитот на Еуфрат“.
Борците на Слободната сириска армија неодамна ја презедоа контролата врз пет села во подрачјето на Маре, северозападно од Ал Баб, и Мунбич, источно од Ал Баб.
Денес е 82. ден од почетокот на операцијата „Штитот на Еуфрат“.