Nazmi Abduramani
15 Декември 2015•Ажурирај: 16 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА)- Министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски, оствари средба со неговиот босански колега,министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Драган Мектиќ со кој разговараа за актуелните предизвици со кои се соочуваат двете земји, за меѓусебните односи и можноста за продллабочување на соработката во повеќе сфери, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Спасовски, на прес-конфенрецијата по средбата со босанскиот колега Мектиќ, истакна дека во духот на традиционалната соработка помеѓу Република Македонија и Босна и Херецеговина, разговарале за темите коишто се исклучително значајни за двете земји, за сите предизвици на национално, но и регионално ниво.
“Разговаравме за соработката околу справувањето со тероризмот, со соработката околу бегалската криза, како можеме да си помогнемое меѓусебно. Се договориме за потпишување на двата договори коишто ќе значат взнаемно признавање на возачките дозволи во Македонија и Босна и Херцеговина и влез во двете земји со лични карти. Разговаравме и се договоривме за иницијатива за подобра взаемна соработка во борбата против тероризмот и криумчарење со оружјето” , изјави македонскиот министер за одбарана Оливер Спасовски, додавајќи дека од Мектиќ побарал Македонија да добие заменик директор во МАРРИ центарот кој има седиште во Скопје.
Министерот за безбедност на БиХ, Драган Мектиќ, меѓу другото кажа дека со колегата Спасовски, размениле мислења за можностите за подобра соработка.
“Ние имаме традиционално добри односи, но одредени безбедносни предизвици кога е во прашање тероризмот, потребна ни е подобра соработка за да ги спречиме овие настани кои се закана и за Република Македонија, Босна и Херцеговина и за сите граѓани на регионот” , изјави Мектиќ.
“Констатиравме дека борбата против тероризмот нема да биде успешна ако се затвораме во своите национални граници и тоа за сега претставува најголем проблем што не постои висок степен на соработката, додека терористите многу добро соработуваат” , истакна Мектиќ, додавајќи дека со Спасовски разговарале и за Договорор за создавање на регионална мрежа на подрачјето на Западен Балкан која подразбира заедничка работа против тероризмот и криумчарење оружје, со цел поголема безбедност на граѓаните на регионот.