Fatih Hafız Mehmet
21 Мај 2017•Ажурирај: 22 Мај 2017
АНКАРА (АА) - Најмалку двајца осомничени припадници на терористичката организација ДЕАШ беа убиени во утринската операција од страна на турската полиција во центарот на Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Гувернерот на Анкара, Ерџан Toпаџа, соопшти дека станува збор за двајца мажи на возраст помеѓу 25 и 30 години, кои во Анкара пристигнале од Истанбул со цел да извршат терористички напад.
Операцијата беше спроведена рано утринава, откако во Истанбул беше уапсено трето лице кое призна дека со автомобил од Истанбул до Анкара ги однел терористите за да извршат терористички напад.
Полицијата во Анкара постапила според изјавите и ги пронашла осомничените. Терористите отворија оган врз полицијата, по што беа убиени во престрелката.
Гувернерот Toпаџа истакна дека за време на претресот на станот каде што биле пронајдени осомничените, запленето е оружје, рачни бомби и експлозивни направи со разорна моќ.