Mahmoud Barakat
21 Ноември 2015•Ажурирај: 23 Ноември 2015
АНКАРА (АА) - Абдуррахман Ас-Судејс, имамот на Големата џамија во Мека во текот на овонеделната петочна молитва рече дека нападите со барел-бомби на сирискиот режим кон цивилното население се една од најопасните форми на тероризам, јавува Anadolu Agency (AA).
Ас-Судеис остро го осуди тероризмот, велејќи дека исламот стои против сите терористички акти, во однос на неодамнешните напади во Париз.
Според податоците на ОН, најмалку 250.000 луѓе се убиени во конфликтот во Сирија кој започна во 2011 година; 7,6 милиони се внатрешно раселени а над четири милиони пребегнаа во соседните земји.