Ivana Ramadanova
05 Јуни 2017•Ажурирај: 06 Јуни 2017
СКОПЈЕ (AА) - Премиерот на Зоран Заев денеска оствари работна средба со амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, Самуел Жбогар, јавува Anadolu Agency (AA).
Заев истакна дека му претставува особено задоволство што првиот состанок како премиер или претседател на Владата на Република Македонија го одржал со амбасадорот и неговиот тим.
„Секако сум среќен заради тоа што нема поважна цел за нашата Република Македонија, освен интеграциите во ЕУ и НАТО. Имавме плоден состанок којшто траеше повеќе од час и половина на којшто разговаравме за сите детали и за обврските на Владата коишто треба да ги направи на нашиот пат кон ЕУ. Разговаравме за започнатите проекти, разговаравме за она коешто претставува континуитет во работењето на тој пат, но најмногу, секако, разговаравме за реформите“, истакна Заев во соопштението.
Тој потенцираше дека биле дефинирани агендите којшто претстојат, а воедно како што рече го запознал амбасадорот со новите министри и нивите надлежности, советите.
„Од аспект на реформите, од аспект на подобрувањето меѓусоседските односи, од аспект на комуникацијата со Брисел и ЕУ, генерално, се со конечна цел од сите можни аспекти да ги придвижиме процесите за Македонија, ден поскоро да ги придвижи работите како што следуваат, а тоа ако може да ја тргнеме поскоро условената препорака, ако даде Господ со добра работа преку реформите и со многу посветеност на сите во земјата. Кога зборувам на сите, тоа значи и власт и опозиција, и извршна и законодавна власт, и сите други партиципиенти во секојдневниот живот, да овозможиме надеж дека ќе отпочнеме преговори со ЕУ, час поскоро, знаете дека тоа прашање зависи и од горливиот проблем којшто Република Грција го има со нашето уставно име, но ние сакаме да работиме во тој правец, се со конечна цел да предизвикаме стартно големо охрабрување и оптимизам кај граѓаните во она што не чека во периодот пред нас, а навистина соодветно во времето да биде покриено и со практични реализации на нашите надежи којшто ги имаме како влада", рече Заев.
Премиерот воедно истакна дека новата Влада е комплетно оптимистички настроена целосно е позитивна, потенцирајќи дека верувам дека и самите на себе би си помогнале како земја, како граѓани во она што предстои пред сите.