Burcu Arik
06 Август 2017•Ажурирај: 07 Август 2017
МАНИЛА (АА) - Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, денес се состана со рускиот колега Сергеј Лавров на маргините на самитот на Организацијата на земјите на Југоисточна Азија (ASEAN) кој се одржува во филипинскиот главен град Манила, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу по состанокот изјави дека со Лавров разговарал за ситуацијата во Сирија, продолжението на мировниот процес во Астана, но и за билатералните теми како визната либерализација за турските државјани во Русија и за интензивирањето на економските односи меѓу Анкара и Москва.
„Состанокот беше позитивен и конструктивен”, изјави Чавушоглу и најави дека во текот на денот во Манила ќе се состане и со шефот на американската дипломатија Рекс Тилерсон.
Потсетувајќи дека Турција неодамна отворила амбасада во Лаос и така воспоставила дипломатски мисии во сите членки на АСЕАН (ASEAN), Чавушоглу изјави дека официјална Анкара работи на интензивирање на регионалната соработка.
АСЕАН е сојуз на земји на Југоисточна Азија кој од 1967 година е основан со цел развој на политичките, економските и култуните односи и промовирање на регионалниот мир и стабилност.
Постојани членки на АСЕАН се Брунеи, Камбоџа, Индонезија, Лаос, Малезија, Мјанмар, Филипини, Сингапут, Тајланд и Виетнам.