Daniel Gallego
06 Август 2017•Ажурирај: 06 Август 2017
ТРИПОЛИ (АА) - Поморските сили при Владата на национално единство на Либија спасија 139 илегални мигранти на отворено море, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласноговорникот на Поморските сили, полковникот Ејуп Касим, во изјава за официјалната новинска агенција на земјата, ЛАНА, истакна дека спасени се 139 илегални мигранти кои пловеле со гумен чамец на отворено море во близина на главниот град на Либија, Триполи.
Касим пренесе дека спасените мигранти биле државјани на различни африкански земји, а меѓу нив имало пет жени и три деца.