Nazlı Yüzbaşıoğlu,Zuhal Demirci
26 Септември 2016•Ажурирај: 27 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за Европска Унија и главниот преговарач на Турција со ЕУ, Омер Челик, во Анкара изјави дека поддршката на меѓународната заедница на Турција кога станува збор за мигрантската криза е недоволна и мала, јавува Anadolu Agency (AA).
Еврокомесарот за хуманитарна помош и управување со кризи, Христос Стилијанидес и турскиот министер Челик, пред состанокот во Анкара се обратија пред присутните.
Челик изјави дека темата на состанокот со Стилијанидес ќе биде регионалната криза и агендата на ЕУ, но и хуманитарната помош којашто е значајна за Турција.
Турскиот министер потсети дека за овие теми станало збор и на денешната седница на Советот на министри во Турција. Според неговите зборови, кризата што во Сирија почна во 2011 година и мигрантската криза станале глобална криза со која се соочува светот.
Министерот Челик додаде дека Турција им дала дом на три милиони лица и дека државата и невладините организаиции потрошиле повеќе од 25 милијарди долари за бегалците.
„За жал, поддршката на меѓународната заедница на овие напори на Турција е крајно недоволна и мала. Мило ни е поради поддршката на ЕУ во облик 3+3 милијарди, но имаме критика за механизмите за пренасочување на оваа поддршка на Турција“, изјави Челик, кој додаде дека оваа поддршка првенствено ќе биде посветена на образованието на децата.
Челик додаде дека за време на посетата на Стилијадинес, ќе биде потпишан договор во рамките на проектот „Мрежи за итна општествена безбедност (ESSN)“ и дека проектот се состои од хуманитарна помош во вредност од 348 милијарди евра.
Тој потсети дека Турција не сака помош за себе и дека како на земја не ѝ треба, но бара помош за на бегалците да им се овозможат колку што е можно поквалитетни услуги кога станува збор за здравството и образованието.
Стилијанидес, во врска со обидот за државен удар што воени лица лојални на терористичката организација ФЕТО го извршија на 15 јули, изјави дека ЕУ ја поддржува Турција и демократијата во Турција, и изрази сочувство за смртта на луѓето во обидот за пуч.
„Уште еднаш да повториме, ЕУ е со демократските институции во Турција“, изјави Стилијанидес, кој додаде дека се наоѓа во Турција за да се започне најголемиот хуманитарен проект што го поддржува ЕУ, ESSN.
Еврокомесарот смета дека овој проект е показател дека ЕУ е подготвена да даде поддршка на Турција којашто се соочува со мигрантската криза.
Според неговите зборови, финансиската програма за сириските бегалци во Турција претставена со оваа програма ќе биде извор на приходи за милион бегалци.