Mümin Altaş
08 Јуни 2025•Ажурирај: 09 Јуни 2025
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со пакистанскиот премиер Шабаз Шариф, известува Анадолу.
Дирекцијата за комуникации на турското Претседателство информираше дека за време на разговорот биле разгледани билатералните односи меѓу Турција и Пакистан, како и регионални и глобални прашања.
Во соопштението се наведува дека претседателот Ердоган истакнал дека со преземените чекори се зацврстени вековното пријателство и силната солидарност меѓу Турција и Пакистан.
Претседателот Ердоган во исто време на пакистанскиот премиер Шариф му го честитал Курбан бајрам.