Süleyman Tunç
29 Ноември 2018•Ажурирај: 30 Ноември 2018
АНКАРА (АА) – Студентите кои учествуваа на натпреварот „Мојата земја Турција“, организиран од Меѓународната федерација на здруженија на студентите (УДЕФ), љубовта кон Турција ја искажаа преку поезија, приказни и кратки филмови, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турција, која не се протега само на 780 илјади километри квадратни е земја на сите угнетувани и на сите што веруваат во правда“, рече Мехмет Чахит Турхан, министер за транспорт и инфраструктура на Република Турција.
Меѓународната федерација на студентски здруженија, партнери на Anadolu Agency (AA) за глобална комуникација, во конференциската сала на Универзитетот за информатички технологии и комуникации одржаа церемонија на доделување на наградите за натпреварот „Мојата земја Турција“. Церемонијата оваа година се одржува по вторпат.
Министерот Турхан, наградата во категоријата „Краток филм“ му ја додели на победникот Касонго Калоба Абдулкарим од Демократска Република Конго.
Тој, истакнувајќи дека се возбудил откако ги видел студентите од сите страни на светот кои доаѓаат во Турција, рече: „Турција, која не се протега само на 780 илјади километри квадратни е земја на сите угнетувани и на сите што веруваат во правда. Лидерот на Турција е Реџеп Таип Ердоган кој се бори за правата на угнетените лица низ целиот свет.“
Турхан, исто така нагласи дека за да има мир во светот сите луѓе треба да се сакаат меѓусебно.
„Ние го сакаме човекот, поради тоа што веруваме во Творецот. За нас воопшто не се важни податоците од која земја е граѓанинот и што пишува на неговиот извод за родени. За нас е важно да е човек, да е создаден од Творецот“, истакна министерот Турхан.
Нагласувајќи дека иднината на светот е во рацете на младите генерации, Турхан рече: „Вие ќе изградите нов свет. Треба да се борите правдата да стигне на право место. Ќе бидете светски лидери кои ќе го реализираат тоа. За тоа немате многу време.“
Мехмет Али Болат, претседател на Меѓународната федерација на студентски здруженија, нагласи дека во Турција студираат 143.000 студенти од целиот свет.
„Нашата цел е да бидеме домаќини на студентите кои во нашата земја доаѓаат од целиот свет, да ги запознаеме меѓу себе, да бидат квалификувани, и знаењето што ќе го добијат во Турција да го споделат во различни простори“, нагласи Мехмет Али Болат.
Тој, исто така изјави дека се грижат и за културната и социјалната адаптација на студентите кои доѓаат во Турција, додека со натпреварот во три категории обезбедиле студентите да можат да се изразат себеси.
Во категоријата „Поезија“ Атила Атаваш од Авганистан го освои првото место, додека во категоријата „Приказни“ првото место го освои Али Хасан, студент на Факултетот за теологија, кој од војната избегал во Турција.
На Абдалатиф М. Омер, второнаграден во категоријата „Приказни“, наградата му ја додели Џунејт Џан, менаџер за корпоративни комуникации на Anadolu Agency (AA).
Делата во категоријата „Краток филм“ ги оценија актерот Исмаил Хаки Урун, проф. д-р Пејами Челикџан, ректор на Истанбускиот градски универзитет и продуцентите Ертугрул Финдик, Халис Џахит Курутлу, критичарот Мурат Ајваџи и сценаристот Фатих Мутлу.
Во категоријата „Приказни“, составот на жири-комисијата се состоела од писателите Озџан Унлу, Орхан Пекчети и професорите Бахтијар Арслан и Ерхан Генч.
Жири-комисијата за категоријата „Поезија“ била составена од поетите Исмаил Киличарслан, Фуркан Чалишкан, Раши Улаш Четинкаја и Музафер Серкан Ајдин.