Yasin Dikme
22 Јануари 2018•Ажурирај: 22 Јануари 2018
КИЛИС (АА) - Во рамките на операцијата „Маслинова гранка“ на Турските вооружени сили (ТСК) против терористичката организација ПЈД/ПКК во регионот на Африн во Сирија, во тек се топовски гранатирања од Килис врз позициите на терористите, јавува Anadolu Agency (AA).
Во третиот ден од операцијата во која учествува и Слободната војска на Сирија (ССА), помош на единиците кои напредуваат кон Африн им даваат топовските единици гранатирајќи ги позициите на терористите.
Единиците на турските вооружени сили стационирани на границата, повремено ги интензивираат гранатирањата врз позициите кои ПЈД/ПКК ги има окупирано во регионот на Африн.
Истовремено, одвреме навреме со воени возила се надополнуваат граничните единици.