Fatih Hafız Mehmet
19 Ноември 2018•Ажурирај: 20 Ноември 2018
БАЛИКЕСИР (АА) - Турската Крајбрежна стража денес спаси 44 илегални мигранти, меѓу кои и жени и деца, кои беа заглавени на островот Јумурта во Егејското Море, јавува Anadolu Agency (AA).
„Мигрантите се спасени во текот на операцијата спроведена во северниот дел на Егејското Море, недалеку од брегот на Баликесир, Турција“, истакнаа извори.

Операцијата е започната откако еден од мигрантите се јавил во службата за итни случаи.
Турција е главната рута за бегалците кои сакаат да стигнат до Европа, особено по почетокот на граѓанската војна во Сирија.

Според податоците на турското Министерство за внатрешни работи, до 15 октомври 2018 година во Турција се задржани околу 205.000 илегални мигранти.
Илегалните мигранти најчесто доаѓаат од Авганистан, Пакистан, Сирија и од Ирак.