Niğmet Koşarhan
11 Август 2016•Ажурирај: 12 Август 2016
АНКАРА (АА) - Авиони на воздухопловните сили на војската на Турција извршија напади врз позициите на терористичката организација ПКК во северен Ирак, на подрачјето на Синат-Хафтанин. Притоа лоцирана и уништена е една група припадници на таа терористичка организација, јавува Anadolu Agency (AA).
Турски авиони полетаа по терористичкиот напад врз воен конвој во покраината Ширнак, а информациите за позициите на терористите биле примени вчера околу 14 часот, по што биле нападнати позициите на терористите.
По успешно изведената акција, авионите безбедно се вратени во базата.
Акциите од воздух се преземени против терористите кои учествуваа во бомбашки напад врз воен конвој, кој беше на пат за преземање на должноста во местото Улудере во Ширнак.