Sarp Özer
18 Декември 2017•Ажурирај: 19 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот вицепремиер, Хакан Чавушоглу, по повод 21 декември – Денот на наставата на турски јазик во Македонија, ќе допатува во посета на Македонија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на кабинетот на турскиот вицепремиер, Чавушоглу за време на посетата на Македонија ќе се состане со претседателот на Владата на Р. Македонија, Зоран Заев, како и со државниот министер Аднан Ќахил, а ќе учествува и на прием кој ќе биде приреден од страна на кабинетот на премиерот на Македонија.
Чавушоглу во рамките на оваа посета ќе учествува и на прославата по повод 21 декември – Денот на наставата на турски јазик во Македонија, организирана од Сојузот на турските невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ) со поддршка на турската Агенција за соработка и координација (ТИКА).
На прославата, на која ќе присуствува и премиерот Заев, ќе се одржи пригоден концерт и ќе се доделуваат признанија за училиштата чија настава се изведува на турски јазик. Пригодни признанија ќе им бидат доделени и на учениците кои учествуваат на курсевите во рамките на проектите на ТИКА организирани во 11 различни земји од Балканот и Источна Европа, каде што ТИКА има претставништва.