СКОПЈЕ (АА) - Турскиот вицепремиер Јалчин Акдоган кој престојува во работна посета на Република Македонија учествуваше на панел дискусијата "Важноста на турскиот јазик на Балканот", при што имаше свое излагање, јавува Anadolu Agency (AA).
Акдоган во својот говор изрази задоволство што повторно е во Скопје, Македонија, која според него во Европа треба да претставува пример за почитување на различностите.
"Ние Скопје не го гледаме како град кој е далеку од нас , туку како град кој е дел од нас. Скопје никогаш нема да се избрише од нашите срца. Тука има една наша боја, мирис и мелодија" , рече Акдоган.
Тој истакна дека во изминатите векови Турција го отворила своето срце за луѓето на Балканот и Источна Европа за мир и братство, како и дека сега е веќе на пат повторно да ги претвори соништа во реалност.
Исто така, вицепремиерот Акдоган рече дека балканските народи се припадници на една цивилизација, еден дел од историјата и дел од светот.
Акдоган истакнувајќи дека Интернационалната турска организација за координација и соработка- ТИКА, е таа која го ширеше пријателството, братството и заедничките идеи за иднината. Оваа организација, рече Акдоган, има постигнато многу во сферата на образованието, но и други проекти со кои ќе продолжи во иднината.
"Во областа на образованието ТИКА има направено вкупно 25 проекти од основните и средните училишта, каде што 15 од нив се реновирани, а 10 изградени. Проекти во областа на образованието кои ги реализиравме досега ќе продолжат и понатаму. Балканот е место во кое живеат повеќе националности, каде што се зборуваат многу јазици" , рече турскиот заменик-премиер Јалчин Агдонган.
Зборувајќи за турскиот јазик историски аспект, Акдоган истакна дека, тоа е јазик, чии зборови се користат и во денешните јазици на балканските народи.
"Hа Балканскиот Полуостров како наследство од Османлиите постојат илјадници зборови од турскиот јазик. Hа Балканот, на официјалниот јазик на Османлиите, турскиот јазик се користело од страна на луѓе од регионот како јазик за секојдневна комуникација. Зборовите од турскиот јазик со времето станале дел од речникот на Босанците, Македонците, Бугарите, Србите и Албанците. Јазикот е одраз на културата. Tурскиот, кој бил развиен од страна на Јунус Емре е јазикот на мирот, сочувство и толеранцијата ", додаде Акдоган.
- “Колку што е мирен Балканот, толку е и Турција” -
“Колку што е мирен Балканот, толку е и Турција. Но, треба да знаете дека колку што е моќна Турција, довербата и стабилноста во регионот, може да се создадат уште толку полесно" , изјави Акдоган.
На панел дискусијата, исто така зборуваа и амбасадорот на Турција во Македонија Омур Шолендил, министерот без ресор во Владата на Република Македонија Фуркан Чако и претседателот на Сојузот на турски невладини организации на Македонија, (МАТУСИТЕБ) Тахсин Ибрахим.
news_share_descriptionsubscription_contact
