Dzihat Aliju
18 Декември 2015•Ажурирај: 19 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Секретаријатот за европски прашања во Република Македонија и Советот за регионална соработка ја организираа регионалната конференција "Миграција на балканската рута-донаторска координација и хуманитарни предизвици“, јавува Anadolu Agency (AA).
Вицепремиерот за европски прашања во Македонија, Фатмир Бесими потсети дека ова лето поголемиот дел од земјите се соочуваат со предизвикот на зголемувањето на бегалците кои транзитираат низ територијата на Балканот.
"Сите ние се најдовме во ситуација каде што ние треба да обезбедиме хуманитарни потреби, а потоа и да ја гарантираме безбедноста на нашите граѓани. Со текот на времето се зголеми притисокот поради што ова прашање стана повеќе важно не само за нас туку и за ЕУ и нејзините земји-членки кои што се крајната дестинација. Во последно време како одговор на бегалската криза се направени многу активности вклучувајќи го и состанокот на лидерите на земјите од Западен Балкан а зголемен е и ангажманот на Фронтекс ", рече Бесими.
Тој рече дека сите се соочуваат со предизвиците на миграцијата.
"Предизвиците на Европската Унија, се и наши предизвици. Решение за ЕУ ќе биде решение и за нас. Значи, подлабоката интеграција, регионалната соработка и посилен ангажман ќе придонесе за подобро управување со овие предизвици "додаде тој.
Амбасадорот на ЕУ во Македонија Аиво Орав во своето обраќање рече дека тековната криза на мигранти и бегалци продолжува да наметне предизвици, особено во земјите кои се во таканаречениот Западен Балканска рута. Орав рече дека кризата најпогодените земји ги стави во голем притисок. Според него, тие претставуваат значителни предизвици за системот на граничното управување и систем за азил, и за безбедносни предизвици.
"Оваа држава и Србија се дел од транзитниот пат од кој преминuvaat бегалците и мигрантите кои одат на земјите-членки на Европската унија. Ние ja цениме помошта што ја дадовте за илјадници луѓе кои имаат потреба од меѓународна заштита. Почитувањето на достоинството на бегалците и имигрантите и заштитата на нивните човекови права останува наш приоритет на сите времиња. Посебно внимание ќе се посвети на заштита на ранливите групи ", изјави Орав.
На оваа еднодневна конференција присуствуваа заменик-претседателот на Владата на Македонија за европски прашања Фатмир Бесими, амбасадорот на ЕУ во Македонија Орав, министерот за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски, претставници на министерствата во земјава, претставници на странски институции во земјата, од дипломатскиот кор и други гости.