Sibel Uğurlu
04 Септември 2016•Ажурирај: 05 Септември 2016
АНКАРА (АА) - Турските воени авиони погодија 10 цели на терористичката организација ПКК во покраини во југоисточна и источна Турција, велат безбедносни извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Oд страна на турските воени авиони вчера беа погодени четири цели на ПКК во подрачјето на Чукурџа во покраината Хаќари, меѓу 20:42 и 21:07 часот по локално време, соопштија безбедносни извори кои сакаа да останат анонимни.
Според изворите, шест терористички позиции се бомбардирани во регионот Монт Тендуреќ помеѓу источните покраинни Агри и Ван, меѓу 00:08 и 00:27 часот по локално време.
ПКК - која се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ - ја продолжи својата долгогодишна оружена кампања во јули минатата година.
Оттогаш, загинаа над 600 припадници на безбедносните сили а над 7.000 терористи беа убиени.