Barış Gündoğan
14 Јуни 2018•Ажурирај: 15 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Турските и американските воени претставници се согласија во врска со Планот за расчистување на терористите и стабилизирање на северниот сириски град Мунбич, кој сега се испраќа до повисоките власти, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението објавено денес, турскиот Генералштаб рече дека турските и американските воени претставници одржаа состанок на 12 и 13 јуни во Американската европска команда во Штутгарт, Германија.
„Претходно потврдената Мапа на патот за Мунбич заедно со безбедносните принципи беа повторно договорени и испратени до повисоките власти на двете земји", се вели во соопштението.
Мапата на патот за Мунбич првпат беше објавена по состанокот во Вашингтон минатата недела помеѓу министерот за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, и американскиот државен секретар, Мајк Помпео.
Договорот се фокусира на повлекувањето на терористичката организација ЈПГ, огранок на ПКК, од северниот сириски град Мунбич и на стабилноста во регионот.
Ако моделот се покаже како успешен, Турција ќе спроведе сличен анганжман и во источна Сирија.
Во својата 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК одзеде околу 40.000 животи. ЈПГ/ПКК е нејзин огранок во Сирија.
Турција соопшти дека присуството на терористичките сили во близина на нејзината граница претставува закана и започна воени операции со цел отстранување на терористите од регионот.