Ekipa
31 Октомври 2017•Ажурирај: 31 Октомври 2017
ШИРНАК (АА) - Турција и ирачките воени единици, кои утринава во придружба на оклопни возила тргнаа од југоисточниот турски град Ширнак, пристигнаа на граничниот премин „Халил Ибрахим“, на територијата на Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Турската војска и Вооружените сили на Ирак, кои на 18 септември започнаа заеднички воени вежби, рано утринава тргнаа од касарната „Шехид Ерџумент Туркмен“, при командата на 172. Оклопна бригада, во турскиот град Ширнак.
Вооружените сили на Турција и на Ирак, во придружба на оклопните единици, преминаа преку турскиот граничен премин Хабур, а потоа стигнаа и до ирачкиот граничен премин „Халил Ибрахим“. Нивното доаѓање предизвика големо воодушевување меѓу ирачките војници кои ги пречекаа таму.
Според информациите до коишто дојде АА, од јарболот на граничниот премин „Халил Ибрахим“ ќе биде симнато знамето на Регионалната курдска управа на северен Ирак, и ќе биде подигнато државното знаме на Ирак.
Се дознава дека граничниот премин „Халил Ибрахим“ утрово е затворен за сообраќај, и дека за премин во Ирак чекаат голем број автомобили.