Faruk Zorlu
16 Август 2018•Ажурирај: 17 Август 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Водечките турски хуманитарни организации ќе им помагаат на 25 милиони лица кои имаат потреба во околу 100 земји низ светот, за време на муслиманскиот празник Курбан Бајрам, кој започнува на 21 август.
Според информациите до кои дојде новинарот на Anadolu Agency (AA), во пресрет на Курбан Бајрам, турските хуманитарни организации ќе им помагаат на лицата кои имаат потреба низ светот.
„Турската Црвена полумесечина, најголемата хуманитарна организација во Турција, сподели месо до милиони лица во период од околу една деценија, и оваа година планира да подели помош до 3,8 милиони лица во 40 земји“, рече за АА Керем Киник, претседател на Црвената полумесечина.
Од друга страна, турската Фондација „Дијанет“, хуманитарна организација на турското Претседателство за верски прашања (Дијанет), има за цел да достави месо до околу 10 милиони лица низ Турција, како и во 145 земји. Оваа година мотото на нејзината кампања за Курбан Бајрам е „Сподели курбан, зближи се со твојот брат“.
Турската хуманитарна фондација ИХХ, со седиште во Истанбул, има за цел да подели курбанско месо за 2,5 милиони лица во 103 земји, имено, за оние лица во бегалските кампови, погодени од војна и природни катастрофи, како и за лицата во сиромашните региони.
Во преден план на оваа фондација ќе бидат Сирија, Ирак, Палестина, Сомалија, Јемен, Бангладеш, Аракан и Источен Туркистан.
Здружението „Дениз Фенери“ планира да им помага на 500.000 лица во 40 земји.
Меѓународната хуманитарна организација „Јардимели“ ќе подели месо за 700.000 лица во 35 земји.
Исто така, Здружението „Садакаташи“ планира да достигне до 350.000 лица во 30 земји.
Организацијата за добротворност и солидарност „Џансују“, ќе понуди помош за 2 милиона лица во 28 земји во Африка, Азија и на Средниот Исток, додека Хуманитарната фондација „Умут Кервани“ ќе биде активна во 30 земји.
Федерацијата на здруженија кои го ценат човекот планира да подели месо за 1,5 милион лица во 33 земји во Африка, Азија и на Балканот. Меѓу другото, Фондацијата „Бешир“ планира да стигне до 53.000 семејства и 160.000 лица кои имаат потреба за време на Курбан Бајрам.
Здружението „Мирасимиз“, кое е посветено на зачувување на османлиската архитектура во Кудс, има за цел да стигне до 10.000 семејства во градот.
Фондацијата „Худаи“ ќе биде активна во вкупно 45 земји, и ќе додели месо за околу 2 милиона лица кои имаат потреба.
Хуманитарното здружение „Ијиликдер“, исто така ќе им помага на 30.000 лица, додека Фондацијата „Ихлас“ ќе достигне до 10.000 лица во земјата и во странство.