Sarp Özer
13 Септември 2018•Ажурирај: 14 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили изведоа жестоки напади врз скривалиштата на терористичката организација ПКК во планинското подрачје Кандил во северен Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван воен претставник за АА истакна дека турските бомбардери вчера уништиле новооткриени скривалишта, складишта за оружје и гориво, кои ги користеле терористите на планината Кандил.
Целите на нападите се откриени со извидувачка операција изведена од турските беспилотни летала.
Беспилотните летала ги снимаа и воздушните напади во кои се уништени сите терористички позиции.
По нападите уследија силни експлозии и голем пожар на погодените терористички складишта на оружје и гориво.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД). За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.
Планините Кандил, Гара, Метина, Авашин-Басјан, Харкук и Зап се наоѓаат во северниот дел на Ирак, долж ирачко-турската граница. Станува збор за подрачје кое важи за лулка на терористичкото движење ПКК.