Ekipa
27 Јануари 2019•Ажурирај: 28 Јануари 2019
АЗАЗ (АА) - Турските вооружени сили денес извршија жестоки артилериски напади врз позициите на терористичката организација ЈПГ/ПКК во северниот дел на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименуван воен извор за АА изјави дека турските сили извршиле повеќе од 20 артилериски напади на позициите на ЈПГ/ПКК на периферијата на Азаз и Маре.
Во нападите се неутрализирани повеќе терористи и нивните упоришта.
Нападите на турските сили следуваа по вчерашните судири во кои терористите на ЈПГ/ПКК напаѓаа позиции на бунтовничката Слободна сириска војска. Убиен е најмалку еден, а ранети се тројца припадници на Слободната војска на Сирија.
Турските сили во изминатите седум дена во уште три наврати извршија слични артилериски напади врз позициите на ЈПГ/ПКК на периферијата на Тел Рифат.