Emine Dalfidan
15 Февруари 2016•Ажурирај: 16 Февруари 2016
КИЛИС (АА) - Нападите на оружените сили на Турција и денес, повремено, продолжуваат со гранатирање на позициите на ПЈД/ПКК во подрачјето на Азаз, во близина на Алепо во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Единиците на оружените сили на Турција, кои се наоѓаат во Килис, на границата со Сирија, и денес повремено продолжуваат со гранатирање на цели на ПЈД/ПКК во Азаз.
Инаку, турските вооружени сили, на 13-ти февруари, возвратија на оган упатен од позициите на терористичката организација ПЈД, сирискиот огранок на терористичката организација ПКК.
Турските оружени сили ги гранатираа позициите на терористите на ПЈД во Маранас, недалеку од Алепо во Сирија, откако терористите го гранатираа подрачјето околу базата Акчабаглар во Турција.
Турската војска возврати на артилерискиот оган во согласност со правилата од ангажманот.