Handan Kazancı
03 Декември 2018•Ажурирај: 03 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа 14 терористи на ПКК, меѓу кои и двајца високи оперативци, за време на операциите на национално ниво во текот на изминатата недела, објави денес турското Министерство за внатрешни работи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението, Министерството објави дека турските безбедносни сили спровеле вкупно 2.836 антитерористички операции во периодот помеѓу 26 ноември и 3 декември.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.
Министерството нагласи дека 1.163 лица се уапсени за поврзаност со терористички групи.