Ekipa
12 Ноември 2018•Ажурирај: 12 Ноември 2018
ИЗМИР (АА) – Во областа Дикили во Измир починаа 5 лица, а 3 се спасени, од 13 лица за кои претходно беше утврдено дека исчезнале како резултат на тонење на чамец со кој биле превезувани непријавени мигранти, јавува Anadolu Agency (AA).
На локалитетот кај Караада, во подрачјето на Денизќој, утрово двајца нерегуларни мигранти дојавиле дека нивниот чамец потонал рано утрово, и дека тие допливале до брегот. Кажале дека чамецот со кој патувале потонал и дека 13 лица се исчезнати.
Веднаш по ова, екипите на Командата на Крајбрежната стража се упатиле на местото на несреќата.

Во спасувачката акција учествуваа еден хеликоптер и три брзи чамци на Крајбрежната стража.
Мигрантите информираа дека во потонатиот пластичен чамец со кој патувале се наоѓале 15 лица, од кои 14 Авганистанци и еден Иранец, а меѓу нив имало и три деца.
Во спасувачката акција учествувале и рибарски чамци, при што се спасени 3 непријавени мигранти, а од морето се извлечени мртвите тела на 5 мигранти.

Спасените мигранти и телата на починатите мигранти се донесени во Командата на крајбрежната стража во Дикили.
Можеше да се забележат солзи во очите на спасените непријавени мигранти. На мигрантите им беа дадени кебиња и им беше извршен лекарски преглед.
Една жена мигрант, спасена во операцијата е префрлена во болница.
Со цел да бидат пронајдени и останатите 5 исчезнати непријавени мигранти, спасувачките екипи продолжуваат со активностите за спасување.