Muhammed Boztepe
17 Септември 2018•Ажурирај: 18 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Турските сили за безбедност во минатонеделните операции низ земјата неутрализираа најмалку 46 терористи на ПКК, вклучувајќи и двајца високорангирани во терористичката организација, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека безбедносните сили на земјата во период од 10 до 17 септември извеле вкупно 2.575 антитерористички операции.
Во соопштението се наведува дека во тие операции се убиени 16 и уапсени 290 терористи, додека уште десет терористи им се предале на турските сили.
Меѓу неутрализираните се и двајца високопозиционирани терористи на ПКК, а станува збор за Фират Дагделен кој го користи кодното име „Шерван Чевик“, и се наоѓа на сивата листа на најбарани терористи, и Сабри Картал.
На периферијата на осум турски области уништени се 13 новооткриени терористички засолништа и запленето е поголемо количество оружје и експлозив.
ПКК е сепаратистичка организација којашто се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД). Во текот на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија околу 40.000 луѓе.